Технички спецификации и ценовник

Преземете го актуелниот ценовник и погледнете ги детално техничките карактеристики и акциските цени за SuperVan.

Технички параметри
Досег

До 551km градски WLTP досег.

Полнење

Полнење од 20% до 80% за само 30 минути.

Гаранција

5 години гаранција на целото возило или 200.000km 8 години гаранција на батеријата или 200.000km

Системи за помош на возачот

Опремен со 30 современи системи за помош на возачот и нагарден со Платинумски медал за безбедност од Euro NCAP.

Прилагодлив товарен простор

Farizon SV го создава „бизнис просторот“ со најголем товарен капацитет во својата класа.

Корисниците можат да го приспособат товарниот простор според своите специфични потреби.

Скриениот B-столб овозможува широко странично отворање, што создава дополнителни можности за организирање и олеснување на секојдневната работа.

Farizon SV – возило што мисли како претприемач.

Системи за помош на возачот

Farizon SV е опремен со модерни системи за помош на возачот (ADAS), вклучувајќи и автоматско кочење во случај на опасност, адаптивен темпомат и препознавање на сообраќајни знаци.

Освен тоа, опремен е и со ултра-тенка батерија со дебелина од 145mm, која не ги намалува перформансите. Овој нископрофилен батериски пакет придонесува за функционалноста на возилото и помага да се оптимизира достапниот товарен простор, правејќи го едно од најефикасните електрични комбиња во својата класа, кога е во прашање просторот.

Товарен простор

Super Van е замислен да ги задоволи различните потреби на модерните бизниси, со флексибилен товарен простор и елегантен дизајн. Конфигурацијата со низок кров нуди 6.95м3 товарен простор, додека варијантата со висок кров овозможува импресивни 13м3, со што се овозможува доволно простор за транспорт на различни производи.

Една од важните карактеристики на Super Van e висината на товарната платформа од 520mm, која овозможува лесен пристап до товарниот простор. Ваквиот ергономски дизајн ја зголемува ефикасноста и едноставноста на товарењето, особено кај компаниите кои имаат потреба од брз и чест пристап до товарниот простор.

Побарајте понуда

Пополнете го нашиот веб формулар, а ние ќе ви испратиме детална понуда, прилагодена на вашите потреби.

Ценовници и брошури