Технички спецификации и ценовници

Преземете го актуелниот ценовник и погледнете ги детално техничките карактеристики и акциските цени за V7E. За детална, прилагодена понуда, контактирајте не преку образецот “Побарај понуда”.

Главни предности
Досег до 475km во WLTP градски циклус.

Farizon V7E е развиен за долги работни денови. Батеријата со голем капацитет и оптимизираниот електричен погон овозможуваат ефикасно извршување на секојдневните задачи со едно полнење.

Полнење од 20% до 80% за само 18 минути.

Брзото DC полнење значително го намалува времето на застој. Батеријата со капацитет од 50kWh може да се наполни од 20% до 80% за само 18 минути.

Товарен простор од 7m3

V7E нуди поголем товарен простор од 7m3 и компактни надворешни димензии, одличен избор за курирски служби и градска логистика.

Напредни системи за помош на возачот како стандардна опрема

Повеќе од 14 паметни системи за помош на возачот придонесуваат за посигурно и поефикасно секојдневно возење.

Практичност и удобност

Farizon V7E е развиен за интензивна комерцијална употреба. Ниската утоварна висина од само 500mm, широката странична лизгачка врата и задната врата која се отвара под агол од 270о овоможуваат побрз и поергонимичен утовар и истовар.

И возачката кабина е приспособена за долги работни денови. Системот за влез и стартување без клуч, централниот екран со дијагонала од 12,3", интуитивните команди и 15-те практични прегради за складирање придонесуваат за поголема удобност и ефикасност во текот на работниот ден.

Развиен за максимална ефикасност

Farizon V7E е базиран на специјално развиена електрична платформа за лесни комерцијални возила. Оптимизираната аеродинамика, интелигентната регенерација на енергијата и современиот електричен погон придонесуваат за пониски оперативни трошоци.

Благодарение на брзото DC полнење, батеријата може да се наполни од 20% до 80% за само 18 минути, со што возилото поминува помалку време на полнач, а повеќе време во работа.

Паметна интеграција за ефикасно управување

Отворената архитектура на платформата овозможува Farizon V7E лесно да се интегрира со водечките системи за управување со возни паркови. На тој начин, компаниите можат поедноставно да го вклучат возилото во постојните системи и поефикасно да управуваат со својата флота.

Lunar white

Lunar blue

Sage green

Побарајте понуда

Пополнете го нашиот веб формулар, а ние ќе ви испратиме детална понуда, прилагодена на вашите потреби.