Преземете го актуелниот ценовник и погледнете ги детално техничките карактеристики и акциските цени за V6E.
До 195 km WLTP досег
Полнење од 20% до 80% за само 50 минути
3 години гаранција на целото возило или 100.000km6 години гаранција на батеријата или 300.000km
Паркинг сензори, рикверц камера, multimedia систем со Bluetooth, екран на допир, греење и ладење на седишта.
Практичност
Двојната задна врата во сооднис 4:6 може а се отвори од двете страни (180°/270°), за да се задоволат различните потреби за организација на товарот.
Платформата за утовар се наоѓа на висина од 540mm од тлото.
Во внатрешноста се наоѓаат 13 прегради за складирање и возачко седиште со ширина од 500mm, со што возачкото искуство станува удобно, а останатата стандардна опрема на V6E вклучува: отворање на задната врата под агол од 270°, 10 инчен екран на допир, рикверц камера и алуминиумски под.
Енергетска ефикасност
Farizon V6E е опремен со Bluetooth, Eco прекинувач и прекинувач за регенерација на енергија со повеќе режими, што му овозможува да поддржува различни режими на регенерација на енергија за заштеда на енергијата и зголемување на дометот. Со повеќе од 5.800 тест-возења и повеќе од 1 милион километри, V6E покажува извонредни перформанси, дури и во екстремни услови како што се високи температури, голема влажност, големи надморски височини и екстремен студ. Покрај тоа, се одликува со одлична отпорност на корозија.
Поголем товарен простор и капацитет
Со дизајн во форма на коцка и внатрешна ширина од 1600 mm, просторот за товар со капацитет од 5,9 m³ е за 10% поголем од конкурентите во истиот сегмент. Каросеријата има зајакнат дизајн на кафез, а покривот е дизајниран да издржи максимално оптоварување од 7,5 тони.
Подот од челик со висока цврстина овозможува капацитет на товар од 1,5 тони, што е за 260 кг повеќе во однос на конкуренцијата.
Пополнете го нашиот веб формулар, а ние ќе ви испратиме детална понуда, прилагодена на вашите потреби.